По изјавата на спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике пренесена во Ле Паризиен дека се сомнева дека Нејмар повторно ќе го облече дресот на ПСЖ, шпанските аналитичари се впуштија во преметка во име на Реал Мадрид и веднаш најдоа модус како да бидат собрани 400 милиони евра за купување на моментно повредениот Бразилец.

Најконкретна е математиката на весникот Ас кој е близок со „кралевите“, во која се вели дека тие треба да ги продадат Бејл и Иско за по 75, и Бензема за 50 милиони евра, а дека дополнителни 50 милиони ќе дојдат од трансферите на Навас, Мајорал, Зебаљос и Љоренте.

Весникот само не дава насоки што е со другите посакувани засилувања од типот на Де Хеа, Кејн, Азар.