Во Канада украден воен медал заработен во Македонија

Полицијата во канадскиот крад Киндерсли неколку денови се обидува да пронајде украдени воени медали сопственост на припадник на британската армија кој што ги добил на различни делови од светот.

Меѓу нив е воен медал кој што сопственикот, наредник во канадската армија, го добил за посебни воени заслуги за време на мисијата во Република Македонија.

Кражбата на медалите се случила меѓу 21 и 23 октомври но засега полицијата не може да го најде крадецот на „незаменливи“ воени медали, пренесуваат канадски медиуми.

Освен во Македонија медалите се доделени за воени заслуги на припадникот на Британската Армија во војните во Заливот, Босна, Северна Ирска, Ирак и Кувајт.

Police released this photo of some of the stolen war medals.