Во Грција ни ја делат територијата, на Албанија и Косово малку им е

На неколку албански и косовски портали утрово како ударна вест осамна картата на поделба на Македонија меѓу Грција, Албанија, Србија и Бугарија, што првично е објавена од страна на грчкиот неделник „Елефтери ОРА“.

Како што пренесува порталот „Бота Сот“, неделникот е близок до грчката православна црква и ултрадесничарските, екстремни партии.
Она што ги загрижува албанските медиуми е малиот дел од парчето Македонија што би и припаднало на Албанија.

-Она што е забележливо е дека весникот пишува оти поголемиот дел од територијата на Македонија и припаѓа на Грција, додека за Албанците само мал дел. Објавувањето на ваква карта придружена со идејата за поделба на Македонија, во очи на спорот околу името на грчко-словенска Македонија, членството во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заеви-Ципрас, е сериозна провокација за мирот на Балканот. Се надеваме дека ова е шега или згрешка како резултат на тешката економска состојба на Грција, пишува Бота Сот.