Македонски државјанин (30) и 25-годишен Сириец – кај кои биле пронајдени над 50 кг дрога чија улична вредност е проценета на 700 евра – биле уапсени од австриските полициски власти.

Дилерското дуо беше разоткриено на крајот на април.:

Сириецот бил уапсен на улица во квартот Меидлинг, изјави портпаролот на полицијата Маркус Дитрих.

Тој претходно се обидел да избега, ослободувајќи се од две кеси во кои имало околу 30 килограми смола канабис и 94 електронски цигари со THC.

 

 

Македонскиот државјанин бил откриен во „бункер стан“. Таму била пронајдена и голема количина на супстанци кои создаваат зависност.

Вкупно се одземени речиси 52 килограми смола канабис, околу 2,3 килограми марихуана, електронски цигари ТХЦ и речиси 60.000 евра готовина.

Двајцата  биле одведени во затвор по наредба на јавниот обвинител во Виена, пренесува ТВ21.