Во Албанија „и се пее и се плаче“ на бугарски!

Вклучувањето на бугарското малцинство во Законот за заштита на малцинствата во Албанија е историски момент, изјави за БНР, Хаџи Пируши, претседател на здружението „Просперитет Голо Брдо“.

Тој вели дека Бугарите во Албанија добиле поддршка и од албанските и од бугарските политичари.

Критиките на македонски организации дека во Албанија нема Бугари, тој ги опиша како „смешна работа”. Не можете да и. кажувате на другите луѓе какви се, вели Пируши.

Во Голо Брдо, откако се раѓаат деца, им се вели: како зборувате – на бугарски. Никој не изговорува друг збор. Нема друг јазик. Во албанското училиште малите не знаат ниту еден збор албански.

И се пее и се плаче на бугарски, објаснува Хаџи Пируши.

Наспроти противниците на вклучувањето на Бугарите меѓу признатите малцинства во таа земја, текстот вчера беше изгласан во правната комисија на парламентот.

Според Пируши, ако законот биде усвоен впо парламентот (на 18 октомври), тоа ќе ги израдувало не само неговите сонародници во Албанија, туку и во цела Бугарија.