Осум луѓе загинаа во Кабул денеска, а двојно повеќе се повредени на протестот кој беше замислен како мирен, и на кој граѓаните на најголемиот авганистански град беа собрани да реагираат по страотната експолозија пред два дена кога загинаа 90, а беа повредени 450 луѓе.
Но како што тоа обично се случува во оваа земја, лошата организација на собирот, присуството на непоканети гости и острата постапка на полицијата протестот на 1000 луѓе, доведе, прво до мешаница, а потоа и до престрелка во која настрадаа 8 демонстранти, а беа повредени 4 претставници на полицијата.