Воините на ИСИС се враќаат дома, дали Балканот знае?

Најмалку 5.600 борци на ИСИС се вратиле во своите земји по нападите за демонтирањето на оваа терористичка организација/држава во Сирија и Ирак.

„Expres.mk“ пред една недела објави драматично предупредување дека „генералниот секретар на Интерпол во Сараево изјавил дека поради враќањето на џихадистите по нивниот пораз во Ирак и Сирија, се менува и меѓународната безбедноста ситуација“ а Балканот нее имун на тоа.

Јирген Шток, на состанок во Сараево предупредил (по состанокот со Драган Мектиќ, министер за безбедност на БиХ, и со директорите на полициските агенции во БиХ) дека заканите од меѓународен тероризам, организиран и сајбер криминал се поголеми од претходно на меѓународно ниво

„Ниту една земја не е во ситуација сама да се избори со овие закани. Единиците за спроведување на законите, полициските агенции, поради терористичките закани и напади кои се случуваат во овие делови на светот, навистина се во ситуација да треба да користат воспоставени мрежи на полициски агенции. И од таа перспектива сакам да ја пофалам БиХ и на централната улога која полициските сили од оваа земја ја имаа во заедничките операции, посебно кога станува збор за нелегална трговија со оружје“, рече тогаш Шток.

Неполна недела подоцна американскиот портал „Сентер Соуфан“, објави дека милитантите во последните две години се вратиле во 33 држави. Меѓу нив се земјите од Балканот за кои наводно постојат податоци дека не останале имуни на враќањето на дел од вкупно 5.600 „борци“ на ИСИс.

Собраните податоци по падот на административниот центар на ИСИС, како што бил оној во Рака, помогнале да се потврди идентитетот на 19.000, од повеќе од 40.000 припадници на ИСИС од 110 држави, колку што се проценува дека заминале во Ирак и Сирија со намера да им се приклучат на џихадистите.

“Соуфан претпоставува дека најмалку 5.600 странски припадници на ИСИС се вратиле во своите татковини. Тие бројки вклучуваат 400 од 3.417 припадници од Русија, 760 од вкупно 3.244 борци од Саудиска Арабија, 800 од 2.926 од Тунис и 271 од 1.910 од Франција.

Колку од нив биле од Балканот, а колку сега се враќаат дома или имаат таква намера – останува непознато.

Медиуми во изминативе две години шпекулираа дека бегалската криза и отвореноста на Европа кон мигрантското „цунами“ им овозможи на многумина од џихадистите да се провлечат како очајници кои бараат подобар живот во Европа.