Најмалку шест лица загинале, како што е потврдено, откако американски патнички воз излета од шините и падна од надвозник над автопатот во државата Вашингтон во понеделникот наутро.

Официјални извори велат дека 72 лица биле однесени во болници откако поголемиот дел од вагоните на возот на „Амтрак“ излетале и паднале врз возила што се движеле по автопатот.

Според информациите, голем број од повредените се во критична состојба, пренесе Би-Би-Си.