Вознемирени грчки медиуми го подучуваат Никос Коѕиас

Без претходно решавање на прашањето за името и пред северниот сосед да ја напушти иредентистичката пропаганда, Грција нема причина да брза да го приклучи Скопје во НАТО , пишува грчкиот „Ризопулос пост“.

Не постои причина да се брза, се вели во анализата, ни со иницијатива на грчката влада за итно решавање на прашањето за името, особено сега пред локалните избори кај северниот бсосед.

Текстот следи по минатонеделнзта средба на шефот на грчката дипломатија со македонскиот колега Никола Димитров, на која Никос Коѕиас ја повтори поддршката на Грција за интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија,  но под спомнатите услови.

Во анализата се вели дека доколку опозициската ВМРО на лидерот Никола Груевски на локалните ја засили својата позиција, многу е веројатно да следат потреси во коалициската влада  на социјалдемократите со партиите на албанското малцинство предводена од Зоран Заев.

Според „Ризоулос пост“ соседната земја може да влезе во нов круг на политичка нестабилност па дури се можни и нови парламентарни избори.

При евентуално такво сценарио, која е користа на Грција да го забрза процесот за решавање на прашањето за името, со цел да ја интегрира Македонија во НАТО? Зошто треба Грција да подлегне на притисокот од некои земји членки на НАТО кои се заинтересирани за интеграција на Скопје во НАТО, со цел да им служи на нивните геополитички интереси, прашуваат новинарите кои што бараат прво да се реши името согласно грчките позиции а потоа да се дозволи влез во НАТО и ЕУ.