ВМРО ДПМНЕ: Филипче е чуварот на фотелјата на Заев! Колку украдоа двајцата, за да можат да имаат меѓународни бизниси?

„СДС се однесува многу нервозно, бидејќи секому му е јасно дека Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев. Додека СДС на домашна сцена кризира, нејзиниот лидер Заев е на богата печалба во Дубаи каде гради згради. СДС молчи дали Заев бил сопственик на една авиокомпанија од Индија? Има целосен молк и кои се се поврзаноста и улогата на Венко Филипче во сето тоа. Како постигна Заев со административна плата да гради згради во Дубаи и да има авиокомпанија во Индија?“ – нагласува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани, за да можат да имаат меѓународни бизниси? Затоа е падната СДС на толку ниски гранки.

Договорот за катните гаражи на Клинички не е од сега, туку од времето на вазалската влада на СДС. Тогаш како послушен вазал Филипче молчеше и климаше со глава. Сега кога веќе не е на таа позиција одеднаш вреска и глуми борец за правда. Вака се однесува и дејствува Филипче. Институциите веќе се изјаснија дека нема одлука на Влада за катните гаражи во комплексот на клиники!

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи поинаку од досегашниот принцип и одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните. Ова е хистерија и политичко лицемерство – лајтмотив на една вазалска кариера! Граѓаните веќе го виделе ова сценарио и не паѓаат на ефтини трикови. – соопшти ВМРО ДПМНЕ.