ВМРО-ДПМНЕ: Помина времето кога „полицајци се удираa во пајаци“…

За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани, велат од ВМРО-ДПМНЕ..

„МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.

ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.

Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните“.

Според владејачката партија, настаните на „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.

„Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.

СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација“ се вели во партиското соопштение.