Опозициската партија бара одговори околу тоа кој и како го ангажирал израелскиот консултант за изборни кампањеи Асаф Еисин и на кој начин биле плаќани неговите услуги за кои и шефот на државата и СДСМ сега молчат.

На Бихаќка лути: Израелски ПР гуру советувал Пендаровски да се оградува од СДСМ затоа што ,,им се гледал крајот”

Овој скандал е дотолку поголем што постојат сериозни индиции дека овој сомнителен лик е ангажиран за креирање на црната кампања на власта и за тоа според основани сомнежи се плаќа со пари во кеш. Овие црни пари не се водат во ниедна евиденција и се испумпани од криминалните тендери во РЕК Битола“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Надлежните институции треба овој случај детално да го проверат, бидејќи ангажманот на мешетарот Еисин и двете лица кои му помагаат а кои се сместени во еден скопски хотел, не фигурира во ниеден извештај. Доколку актуелните институции не го истражат овој случај, тогаш после промената на власта се ќе биде детално проверено“ се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.