Управата за јавни приходи (УЈП) и Царината во јули собрале рекордни приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот“.

Царинската управа во месец јули наплатила речеси 12 милијарди денари приходи, а УЈП над 13,4 милијарди.

Претходно, новите директорите на УЈП и на Царинската управа, Елена Петрова и Бобан Николовски, најавија ситемски мерки за жестока борба против сивата економија и понатамошна интеграција на системите на двете институции.

„ Ваквото вмрежување, со подоброто користење на податоците, ќе овозможи рано детектирање на даночни неусогласености и злоупотреби“, истакна тогаш директорката Елена Петрова и посочи дека планираните нови деловни процеси во УЈП, меѓу кои и е-фактура, ќе придонесат на пазарот да опстојат само компаниите кои се даночно дисциплинирани, елиминирајќи ги оние кои се надвор од формалната економија.