ВМРО ДПМНЕ: Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер-партнерите на СДС, ДУИ и мазут-мафијата, која го труела народот!

„Корумпираните судии и обвинители ги штитат тендер-партнерите на СДС, ДУИ и мазут-мафијата која го труела народот, затоа се неопходни суштински реформи во судскиот систем!“порача владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.

Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ нагласува: Обвинителите и судиите, избрани во Мала Речица и Бихаќка, го штитат криминалот на функционерите од СДС и ДУИ и мазут-мафијата, која користела канцероген мазут и го труела народот, поради екстра-профит. Трансакциски судии и обвинители, избрани во Струмица и Зајас, ги штитат политичките елити и моќниците од бизнис-фелата, кои сториле криминал тежок 167 милиони преку набавка на мазут за електрани и ТЕЦ Неготино .

Тендер-партнерите на СДС и ДУИ го труеле народот со канцероген мазут, а мазут-мафијата изминатите пет години склучила вкупно 1776 договори за јавни набавки во вкупен износ од 137 милиони евра. Мазут-мафијата екстра профитирала од криминално злоупотребените државни пари, додека го труела народот со канцероген мазут,

Судскиот систем ги заштитува функционерите од СДС и ДУИ и не дозволува законите да функционираат еднакво за сите, а поради таквите одлуки довербата во правосудството е два проценти. Спрегата правосудство-СДС-ДУИ и мазут-мафија мора да се прекине. Неопходни се суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото и правдата мора да функционира. Неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите.