Во партиско соопштение, опозицисата ВМРО-ДПМНЕ укажува на фактот дека екс-премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, зашт, како што велат тие се сијамски близнаци.

„Ковачевски не може да функционира без ДУИ, нив им ја должи кариерата и 2-те години власт.

Ковачевски му овозможи на ДУИ власт за се’ во државата, само за да може да краде.

Исто и сега Ковачевски не смее да зборува против ДУИ, ниту да искритикува нешто. Одмолче за пеењето и прославите на Ахмети по институции, за фудбалот на Груби во министерство, за тендерите и криминалите, затоа што е составен дел од тоа.

Се што е ДУИ тоа е и Ковачевски. Тој му ја даде Македонија на ДУИ и 100-тина нивни функционери“ се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.