По толку години власт и грабеж на државата Ахмети сега сака да си ги спасува внуците кои добија кривична и сите бандити кои беа дел од неговото лично опкружување, а кои станаа милионери со нула капацитет интелектуален и нула напор, само преку кражба на народни пари.

Зошто не бараа ветинг кога беа на власт …, е пораката која ВМРО-ДПМНЕ ја објави вчера до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Соопштението доаѓа по денешната средба на Ахмети со потесното раководство на партијата од каде упати повик до политичките партии, особено оние на власт, без одложување да се побара од меѓународната заедница мониторинг за сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години.

„Дали ветинг му треба да се открие како од едни просечно ситуирани граѓани кои се занимавале со овчарство како никаде во светот станаа милионери?

Дали ветинг му треба да провери како Миле Зечевиќ, Зоран Заев, Венко Филипче лапаа од тендери во РЕК и здравството?

И како Муса Џафери и Артан Груби работеа со струја и со подизведувачи на патишта низ Македонија“, прашаа од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ упати порака до Ахмети да престане да се крие зад вакви маневри за ветинзи и му порача дека доаѓа правда во Македонија – „ние ќе ви докажеме дека никој не е над законот! 20 години ја цицавте и уништувавте земјава“.