Само едно државно и едно знаме на ВМРО – ДПМНЕ беа дел од сценографијата што ја создадоа учесниците на првиот митинг на ВМРО – ДПМНЕ на овие локални избори што вчера по традиција се одржа во Охрид.
Честа на настанот кој го организираше најголемата партија во коалицијата „За подобра Македонија“ ВМРО – ДПМНЕ ја спасуваа двајца „знаменосци“ од Демократски Сили на Ромите на екс директорот на ЦУК Шабан Салиу и двајца активисти на Социјалистичката партија на Македонија.
Неколку илјади гости на митингот носеа само уште две знамиња, едно државно и едно партиско.
Само пред 9 месеци во декември на митингот на коалицијата За подобра Македонија имаше стотици знамиња од десетина политички партии меѓу кои доминанти беа партиските знамиња на ВМРО – ДПМНЕ и знамиња со ѕвездата од Кутлеш.
Дали новата сценографија во која нема бројни знамиња е поврзана со новата партиска агенда на ВМРО – ДПМНЕ која што најави трансформација од конзервативна партија во „граѓанска десница“ или е хаотична организација на почетокот на кампањата ќе се види веќе деновиве кога најголемата партија во Македонија ќе продолжи со изборната кампања.
Видео од вчера
Видео од лани во декември