Владиците останаа само со мерцедеси, скапиот глисер бил позајмен

Глисерот за кој јавноста мислеше дека е купен со пари од верниците сепак не бил сопственост на МПЦ – ОА туку на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко. Тој луксузникот чамец на кој се возеле и владици го чувал кај монасите во Калиште кои само му го чувале и за возврат можеле да го користат.

Владиката Дебарско – Кичевски Тимотеј не сака да каже чиј е глисерот и зошто тој се користи од страна на МПЦ.
„Ниту ја потврдувам ниту ја демантирам информацијата. Тој манастир не е под моја ингеренција. Тој е под неговото блаженство архиепископот охридски македонски Г-дин Г-дин Стефан и таму што купуваат, што прават немам никакви информации, ниту сум должен ниту тие се обврзани да ме информираат“. – вели Г. Тимотеј.
Глисерот бил паркиран на пристаништето на хотелот „Бисер“ во Струга а од Капетанијата во Охрид потврдуваат дека веќе дале дозвола и ги има сите потребни документи за глисерот. И од таму не знаат кој е газда на луксузното пловило .
„Се работи за друг сопственик односно фирма на чие име а кој го управувал и зошто не можам да ви кажам, Фирмата најрегуларно си има поднесено документи, така што незнам зошто ја мешаат МПЦ, навлегуваме во приватни работи меѓу фирма и МПЦ. Како можам јас да кажам дека еден глисер е од МПЦ доколку свештени лица се возеле на пловниот објект. Од каде да потврдам или негирам и кој им забранува да бидат гости“. – изјави за телевизијата 24 вести Горан Устијановски – Капетан на Капетанијата на пристаништата – Охрид.
Инаку, глисерот е набавен преку фирмите СИСТРАВЕЛ,СИСБАЛКАН и СРЦ Јане Сандански. Нивен краен сопственик е Сергеј Самсоненко тврди телевизијата.
Глисерот на фотографијата не е од моделот во кој се возеле свештениците на МПЦ – ОА.