Владата пред тешка одлука – да биде со ЕУ или да го поддржи Ердоган

Прославата на Република Турција која што годишнината од ланскиот обид за воен удар кој што се случи на 15 јули ја одбележува како празник, предизвикуваа поделби и дилеми во македонската влада.

Дел од владините министри сметаат дека учество на македонски претставници на турската прослава ќе биде спротивна на принципите на ЕУ чии што претставници отворено го критикуваат Ердоган и Турција за кршење на човековите права во врска со акциите преземени по обидот за воен удар.

Други пак пак сметаат дека Македонија како стратешки партнер на Турција мора да покаже поддршка за ставот на Анкара која 15 јули го смета за голема победа на демократијата во оваа земја. Високите претставници на македонските Турци и про – турските политичари сметаат дека и по цена на критики од Брисел земјата мора да покаже целосна поддршка за владата на Ердоган.

Еден од оние кои што веќе најавија дека ќе биде прв на прославата е потпретседателот на СДСМ екс новинарот Мухамед Зекири кој пред десетина дена ја вознемири јавноста со цитати од куранот со кој ги проколна македонските хомосексуалци, лезбејки, трансродови и други припадници на ЛБГТ заедницата.

Во одлуката за учество на највисоките државни претставници на прославата по повод 15 јули има и партиски интереси. Иако дел од владиниот коалиционен партнер ДУИ има одлични односи со Анката и таму постои дилема дали се се оди на прославата. Едната причина за дилемата е ЕУ и нејзниоот став дека Анкара ги крши меѓународните стандарди со прогонот на „Ѓуленистите“ а другата е лутината во „Мала Речица“ поради поддршката на Ердоган за партијата БЕСА која што е најголем политички ривал на ДУИ во пресрет на локалните избори во октомври.

Турција е еден од најсилните поддржувачи на Македонија во меѓународните организации и е единствената земја членка на НАТО која што се избори во сите документи во алијансата да стои фуснота според која „Турција ја признава Македонија под уставното име“.

Премиерот Заев и владата ќе мора да најдат средно решение со кое нема да ја навредат Турција а во исто време ќе бидат на линија на европските ставови кон ова прашање.