Владата на Франција може да падне пред Божик!?

Околу 53 отсто од Французите сакаат да падне владата на премиерот Мишел Барние гневни поради неговиот предложен буџет, според анкетата на Ifop-Fiducial за Radio Sud објавена денеска, јавува Ројтерс.

Анкетата покажа дека 67 отсто од испитаниците се против буџетот на Барние, кој има за цел да го намали растечкиот јавен дефицит на Франција со зголемување на даноците и намалување на трошоците, додека 33 отсто го поддржуваат.

Владата на Барние би можела да падне пред Божиќ, а можеби дури и следната недела, доколку екстремно десничарските и левичарските непријатели наметнат предлог за недоверба што тој најверојатно ќе го загуби, според десетина извори од целиот политички спектар.

Во анкетата на Елабе за БФМ ТВ во средата, 63 отсто од испитаниците рекоа дека претседателот Емануел Макрон треба да поднесе оставка доколку владата на Барние падне.