Министерскиот совет на Република Бугарија на својата денешна седница одобри 70.000 лева (околу 35.000 евра) за купување специјализирано превознсо средство за сите ранливи групи во македонската општина Струмица.
„Неповратната финансиска помош е во рамките на проектот за социјална инклузија на ранливите групи во општина Струмица и за создавање услови за целосно учество на лицата со хендикеп во економскиот, социјалниот и културниот живот и остварување на основните права, без дискриминација врз основа на попреченост. Финансирањето ќе биде обезбедено од одобрените средства од буџетот на Министерството за надворешни работи, наменети за официјална помош за развој и хуманитарна помош во согласност со Законот за државниот буџет за 2017 година“, соопшти Владата во Софија.
Ова е втората денешна одлука на бугарската извршна власт поврзана со Македонија по таа за проследување до Народното собрание за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан од премиерите на двете земји Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август во Скопје.