Владата го разреши „шарениот Аргентинец“ Донев

Александар Донев повеќе не е директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, откако Владата на својата денешна седница го разреши од функцијата.

Граѓанскиот активист и учесник во т.н. Шарена револуција предизвика лавина критики во јавноста за летањето со бизнис класа на Светски самит за авантуристички патувања во Аргентина во октомври, што државниот буџет, според него, го чинело околу 220.000 денари, 40.000 повеќе ако го направел тоа со економска класа, но имал набиена агенда, па извадил поскап билет за да биде поодморен.


Медиумите, пак, меѓу кои и „expres.mk“, пишуваа дека авиобилет од Скопје до Буенос Аирес може да се најде и за четири пати пониска сума.

По одиумот во јавноста, Донев најави дека ќе ја надомести разликата, но нема информација дали тоа и го сторил.