ЛГБТ заедницата лута на СДСМ, само ДУИ отворено на нивна страна

Повикот на пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски за признавање на геј браковите во Македонија предизвика дилеми кај ЛГБТ заедницата која го поздрави повикот на пратеникот но е вознемирена од изјавите на високи членови на СДСМ кои што ги сметаат за девијантна појава.

ЛГБТ заедницата која што активно учествуваше во напорите на СДСМ да ја урне владата на ВМРО – ДПМНЕ сега очекува владата и пред се СДСМ јасно да кажат каков е нивниот односи кон правата на оваа маргинална група.

„Ако може конзервативнатат влада во Германија да дозволи геј бракови зошто да не може и либералната и левичарска влада во Скопје да биде толерантна кон нас“, е прашањето од дел од ЛГБТ заедницата која што вели дека е срамно што ДУИ има полиберален став од СДСМ.

Дебатата во јавноста се вжешти откако на Манојловски како Албанец што зборува мајчин македонски јазик се спротивстави потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој преку пост на фејсбук порача дека за него хомосексуалноста е девијантна појава.

За ЛГБТ заедницата е делумно разбирливо што пратениците на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски и Африм Гаши од БЕСА зборуваат против хомосексуалците затоа што доаѓаат од конзервативна партија силен религиозен бекграунд но недозволиво е за една партија како СДСМ која што се залагаше за рамноправност и врз сексуална основа ссега преку потпретседател да ги прогоннува членовите на ЛГБТ заедницата , реагираат нивни членови.

Разочарувањето не е намалено ниту по реакцијата генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски за изјавите на нивниот потпретседател Зекири.

„Ние како партија не го делиме тоа мислење со Зекири и ги гледаме сите аргументи пред да донесеме партиски одлуки, тоа е негово лично мислење“, изјавил за Фокус Кирацоски.

Оградувањето од својот потпретседател нема да го реши проблемот со прифаќањето на ЛГБТ заедницата во Македонија а доказ за тоа е и изјавата на Кирацоски кој што го коментирал ставот на Зекири но одбил да каже прецизен став на СДСМ за ова прашање, велат членови на оваа маргинализирана група.