Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ денеска јавно им се извини на луѓето од ДУИ кои го обвинија за неспособност и побараа негов импичмент.
Во шегобијната порака до ДУИ тој порача: Во право сте, неспособен сум да крадам како вас.
,,Ме обвинивте за неспособност, еве ја прифаќам Вашата оценка, навистина се чувствувам хендикепиран како не можам да бидам корумпиран и криминалец, како Вашиот министер, мојот претходник и затоа пред целата македонска јавност се извинувам за таквата неспособност.
Ви порачувам наместо да ширите омраза и да предизвикувате меѓуетнички тензии и политичка нестабилност, да се замислите уште колкумина од Вашите редови ќе се најдат на црните листи и колкумина ги чекаат обвиненија за криминал”, им порача Стоиљковиќ на луѓето од ДУИ откако со Собранието не успеа барањето на партијата на Ахњ ти за негова интерпелација.