Македонските девојки вечерва во Скопје загубија од Шведска со 31-20 и веднаш ги намалија, практично ги загубија шансите за пласман на Светското првенство. Скандинавките на Кале ја исполнија претпоставката дека се големи фаворитки. Ние се држевме коректно во една третина од мечот, таму некаде до резултат 8-9 кога последен пат разликата беше помала од 2. Се потоа, а особено во второто полувреме беше игра на мачка и глушец во која ние бевме немоќни да се спротивставиме на многуте докажани играчи во гостинскиот тим.
Кај нас најефикасна беше Елена Ѓорѓиовска со 7 гола, а Ливриниќ и Георгиевска дадоа по 4 гола. Во шведскиот состав погодоците распределени рамноправно што, исто покажува и може да се толкува како разлика во квалитет. Во реваншот во вторник во Истад само чудо може да ни овозможи пласман на Светското првенство во Германија.