„Визер“ укина летови кон неколку дестинации

Со стапувањето на зимскиот распоред на летање, Унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, ги укина летовите за Копенхаген, Келн, Стокхолм – Скавста. На нивната официјална страна повеќе нема можност да се купат карти за овие летови, а нема ниту информации дали линиите ќе бидат пуштени на пролет кога ќе стапи летниот распоред на летање. 

Причините за повлекувањето се високите цени за услуги и давачки што од неодамна ги воведоа на аеродромот во Келн. Бидејќи за овој лет има голем интерес, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите од Скопје за Дортмунд со тоа што шест пати неделно ќе се лета во декември на оваа релација. 

Околу Божиќ и Нова година, кога е најголемиот интерес за Германија, ќе има летови до Северна Рајна Вестфалија. Од крајот на ноември се укинува летото Скопје-Сараево, за чие одржување беше задолжена грчката „Ејџијан“.

Позитивно е тоа што министерот за транспорт и врски Александар Николоски кажа дека со субвенции догодина македонските граѓани ќе имаат можност со авион да летаат во Барселона, Лион, Штудгарт и Дубаи. За овие летови задолжени ќе бидат Визер и Флај Дубаи.

Ќе се лета и од Охрискиот аеродром. тука ќе лета Туркиш ерлајнс, и тоа до Истанбул, а Визер од Охрид ќе лета до Базел.