
Прво висеше на бандера, за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“.
Кочанчанецот Мартин Кировски со герила акција на плоштадот „Македонија“ повика на свесност кај институциите. Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“.
Денеска напладне, граѓаните кои случајно се затекоа на плоштад Македонија во Скопје беа сведоци на необична сцена – непознат маж, залепен со селотејп за бандера, во близина на фонтаната. На обидите на минувачите и медиумите да добијат одговор зошто го прави ова, мажот кратко изјавил дека „нема да каже ништо сè додека не дојдат сите новинари“.
Подоцна човекот проговори. Тој откри дека се работи за герила-акција на „Сапорт Кочани“ во знак на поддршка за настраданите и повредените во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.