Григор Бишев, банкар, универзитетски професор, економист во бизнис муабети на Фактор. Професорот одговара на важни економски прашања поврзани со царините на Трамп, трговската војна меѓу САД и Кина како и какво влијание ќе има целата таа ситуација врз Македонија. На прашањето што сака Трамп од светот, професорот одговара дека е заинтересиран за сопствената економија.
- „Се надевам дека на долг рок, трговскиот конфликт кој се претвори во финансиски конфликт не носи бенефит никому. Би било катастрофално за малите отворени економии“, вели Бишев.
Зошто е толку гневен и од каде толкава омраза на Трамп кон Кина и европската економија, тој вели дека без разлика кој е јазикот на искажување мора да се најде начин како ќе разговараат. Според него денарот е стабилен и нема потреба за грижи на тоа поле. На Македонија само и недостасува забрзување на економскиот раст. Последиците од царините на Трамп ќе ги осети и Македонија, вели професорот.
Според Бишев, ако царините на Трамп ја погодат автомобилската индустрија, а кај нас се произведуваат делови за автомобилската индустрија, ќе не погоди и нас. За каков судир станува збор, Бишев вели дека тешко е да се процени меѓутоа станува збор за толку големи сили. Целото гостување на професорот Бишев, може да го погледнете ексклузивно на Фактор.мк.