Приведени се дел од граѓаните кои ја обновуваат црквата во Галате, а кои денеска отидоа во Општина Врапчиште да побараат средба со градоначалникот откако во текот на вчерашниот ден Општината и МВР поставија ленти околу црквата и забранија продолжување на активностите за обнова на црквата.
Како што пишува порталот Инфомакс граѓаните денеска отишле во Општина Врапчиште да побараат средба со градоначалникот, но како што велат тие, градоначалникот не сакал да се сретне со нив.
Неколку од граѓаните се приведени откако истакнаа дека не си одат додека градоначалникот не се сретне со нив.
– Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на вчерашниот ден (09.09) постапувајќи по претходна пријава доставена до СВР Тетово од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направи увид на месноста викана Топли извори (меѓу селата Топлиште и Врапчиште) на локацијата на црквата „Света Петка “, каде што, наводно, според пријавата – се изведувале незаконски градежни работи на црквата.
При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект. Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување. За настанот е известен надлежен ОЈО. – велат од СВР Тетово.