Врз основа на записи од повторното судење expres.mk направи видео реконструкција на дел од судењето на кардиохирургот Жан Митрев која што со помош на дигитални технологии ви ја пренесува атмосферата во судницата при повторното изведување на доказите на ОЈО а се темели на изјавата на сведокот на обвинителство Мелита Брезова.
Видеото со реконструкција на настаните не содржи оригинални снимки од судењето туку е направено со помош на записи од судењето и дигитална технологија. Дел од видео материјалите се генерирани со вештачка интелигенција.
Во ова видео се слуша дека главниот сведок на Јавното обвинителство во прогонот на Жан Митрев никогаш не го видела докторот кого го гони за измама а персоналот на клиниката Жан Митрев не препорачал хемофилтрација за сите платени пари.
Со тоа сведокот Мелита Брезова ја уништува целата позиција на обвинителството по две основи.
Прво, речиси невозможно е некој да ве измами а вие воопшто да не сте се сретнале или не сте комуницирале со него.
Второ, сведокот Мелита Брезова чиј исказ може да го слушате во видеото на крајот на овој текст, ја побива тезата на обвинителката Искра Хаџи Василева дека Жан Митрев имал намера или извел измама. Ова од проста причина што тој и неговиот персонал воопшто не препорачале хемофилтрација за сите членови на семејството Брезово.
Сведокот индиректно со својата изјава докажува дека доктор Митрев ако сакал да направи измама ќе препорачал и ќе спровел хемофилтрација за сите или за повеќето членови на семејството со што ќе наплател повеќе пари.
Наместо тоа клиниката Жан Митрев вратила 26 илјади евра од вкупно платените 30 илјади евра на семејството.
Во продолжение видео со реконструкција на сведочењето на главниот сведок на обвинителството во кое таа признава дека однапред сакале хемофилтрација, дека ги знаеле бенефитите од оваа метода кои ги читале на интернет и дека од 5 членови на семејството кои платиле 10 хемофилтрации само кај сопругот била извршена оваа метода.
На прашањето на бранителот Никола Додевски: Кој одлучуваше да не се употребат сите хемофилтрации сведокот, Брезова одговора: Персоналот во болницата.
На прашање на бранителот: Зошто да не се употребат сведокот одговора: Не знам веројатно немало потреба.
На прашање на бранителот на Жан Митрев, Никола Додевски, сведокот Брезова признава дека семејството покрај вратениот најголем дел од депозитот добило попуст и од над 20 илјади евра при што за некои услуги добиле 50 проценти попуст.
На прашање на бранителот Додевски сведокот одговара дека семејството не го сретнало никогаш Жан Митрев, дека немале дилема дека треба да се лечат во Клиниката Жан Митрев и дека апсолутно немало сомнеж во стручноста на кадарот на Жан Митрев.
Реонструкцијата на вториот дел од сведочењето на главниот сведок на обвинителството против Жан Митрев кој всушност дава искази со кој се побива обвинението видете го во видеото
Првиот дел од сведочењето на Брезова пред вкрстеното испрашување од адвокатот Никола Додевски со повеќе детали за апсурдниот процес на овој линк
Прогонот на Жан Митрев не е единствен апсурд во македонското правосудство