Владата одлучи за првпат да се воведе нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството за деца од 0 до 6 години со доцнење во развојот и/или попреченост, а надлежноста за ова ќе припадне на Министеството за здравство, Министеството за социјална политика, демографија и млади и на Министеството за образование и наука. Владата одржа две седници, 47-та беше тематска седница наменета за програмите за работа на министерствата, агенциите и на јавните претпријатија за 2025 година како што се:
– програма за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија. Согласно Буџетот за програмски активности на Агенцијата предвидени се над 42 милиони денари, дел од средствата ќе бидат наменети за финансирање и кофинансирање на програмски активности, а еве и дел од нив се однесуваат на:
• Претприемачко образование – биди претприемач или
• Поддршка на женско претприемништво
– Националната програма за развој на железничката инфраструктура за период од 2025 до 2029 година во која се вметнати мерливи индикатори за зголемување на товарниот превоз и намалување на времето на патување за патничките возови
– Тука е и програмата за инвестирање во животната средина,
– програма за рамномерен регионален развој за 2025 година како и
– програмите за развој на спортот и програма за субвенции од областа на спорот за 2025 година.

Донесени се и многу други програми за работа, за кои, како што наведуваат од владата, сите институции во деновите што следат соодветно да ја информираат јавноста.
На втората, редовна 48 -ма седница на владата се разгледуваа следниве точки:
– Владата ја разгледа и усвои информацијата и за првпат ќе се воведе нов семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството за деца од 0 до 6 години со доцнење во развојот и/или попреченост, а надлежноста за ова ќе припадне на Министеството за здравство, Министеството за социјална политика, демографија и млади и Министеството за образование и наука.
Следната недела, Министерство за локална самоуправа ќе го објави вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари.
„Ова е показател дека пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја“, велат од Владата.
И вториот повик, како и првиот, ќе поддржи проекти во областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието.
„Ветивме развој на општините, тоа и го реализираме“, порачаа од Владата.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/1169013471499842?locale=mk_MK