„Владата може да прати инспектори и да се видат трошоците на секој трговец на големо и мало во нашата држава. Тие се од 12 до 15 отсто, земјаќи ги предвид само платите, придонесите и струјата индустриска што е многу скапа. Ако се земат предвид и трговците што плаќаат кирија, а дел имаат и кредити, би се зголемиле трошоците уште пет отсто. Ние како трговци не избегнуваме да му помагаме на народот, но не можеме да работиме и со минус. Така што, државата треба да има предвид да ги земе обете барања – и на народот, но и од трговците“, вели Гега Лавдрим, претседател на Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун во интервју за „360 степени“.
360֯ : По одлуката на Владата за ограничување на маржите на околу сто групи производи, изразивте незадоволство и побаравте итна средба со премиерот и ресорниот министер. Кои се вашите барања, бидејќи од Владата порачаа дека пред да ја донесат одлуката веќе биле земени предвид аргументите на трговците, особено во делот на скалесто ограничување.
- Гега Лавдрим: Нашите предлози до Владата, по состанокот, не се проафтени. Така што, ние како трговци бараме преку Комората: опфатените артикли се премногу – од 1 000 до 1 500 артикли. Бараме преполовување на бројот на артикли. Како второ, бараме државата да може да ги земе предвид трошоците на секој трговец и ние да се надградуваме 5% од трошоците. И како трето, рокот на мерките е премногу голем, два и пол месеци – да биде до еден месец. Од 22 март до 21 април да опфаќа еден месец, да ги фати двата празника и тоа е доволно за да може да биде задоволен народот.