Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи денеска му искажал подддршка на премиерот Заев во напорите да се спроведат реформите и геостратешките цели за да може Македонија да се приклучи во НАТО алијансата и да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.
Премиерот ја поканил ДПА да се вклучи во процесот на реформите со вградување на своите ставови во процесите коишто следуваат на што добил одговор дека Тачи е согласен да поддржи се што е интерес на граѓаните на Република Македонија.
Според информациите од владата претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најавил дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвиживање во евро-атланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно.