Со Грција градиме огромно пријателство – остана едно политичко прашање кое се надевам ќе го решиме, рече македонскиот премиер Зоран Заев во вчерашното интервју за бТВ.
„Верувам дека Грците омекнаа во своите позиции. Докажавме со Бојко Борисов дека не ни треба трета страна, која ќе не притиска. Храброста на премиерот Борисов се надевам ќе биде повторена и од премиерот Ципрас“ рекол Заев..
Тој рече дека има намера да го решам овој проблем, може да има отстапки и од страна на Македонија, и од страна на Грција. Лидерите можат да стигнат до решение кое ќе биде добро за граѓаните.
„Нема договор во кој само едната страна да отстапува“, коментираше македонскиот премиер, како што пренесуваат бугарски медиуми.