Во Венеција стапија на сила новите правила со кои се ограничува бројот на туристички групи на најмногу 25 луѓе, пренесе Би-Би-Си.

Мерките се воведени за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, велат властите.

Претходно оваа година, Венеција воведе дневна такса за влез од 5 евра откако првично им забрани пристап на бродовите за крстарење во 2021 година.

Прекумерниот туризам се смета за едно од најголемите проблеми за градот кој има население од околу 250.000 луѓе и забележа повеќе од 13 милиони посетители во 2019 година.

Оттогаш, бројот на посетители опадна, но се очекува во наредните години бројките да ги надминат нивоата пред пандемијата.

Венеција доживеа егзодус на локални жители поради стравувањата дека туристите би можеле да преовладат во историскиот островски град.