Велес на црната листа на Клинтон

Според Хилари Клинтон причина за нејзиниот пораз од Доналд Трамп во трката за претседател на САД е што хакери од Русија ги пробиле нејзините интернет пораки, а потоа ги ширеле преку портали регистрирани во Велес.

Кандидатката за претседател на САД од редот на Демократите, Хилари Клинтон, проговори за изборниот пораз. Таа смета дека ширењето негативни вести за неа од страна на интернет- портали од Македонија имало влијаело врз исходот од гласањето.

Клинтон на настан во Калифорнија рече дека хакери од Русија ги пробиле нејзините интернет пораки, а потоа ги ширеле преку портали регистрирани во Македонија.

„Во последните неколку децении, русите често вршеа кибернетички напади и крадеа огромни количества информации. Голем дел од украдените информации ги користеа за интерни цели, да влијаат врз пазарите, разузнавачките служби итн. Ова беше поинаков случај зашто излегоа во јавноста. Ја открија информацијата што ја искористија како оружје, нејзината содржина.  Слушнав приказна за некои момчиња од Македонија кои воделе интернет – страница за лажни вести. Ги видов и наликуваат на некоја лоша верзија на известувањето на СИ-ЕН-ЕН, како лажен весник“, изјави Клинтон.