Велес: Маж изгоре во пожар во сопствениот дом

Во пожар што изби вчеравечер во куќа на улицата „Љубен Весов“ број 54 во Велес загина сопстеникот на куќата.

И покрај брзата реакција на Територијалната Противпожарна Единица Велес, која со две противпожарни возила и пет пожарникари интервенирала на самото место, не успеала да го спаси.

Пожарот бил откриен во развиена фаза во една просторија на куќата, а во текот на гасењето било пронајдено безживотното тело на сопственикот.

Во 19:40 часот била повикана лекарска екипа од Брза помош, која по пристигнувањето само констатирала смрт. Од ЈЗУ Здравствен дом Велес потврдија дека не можеле да го спасат лицето