„Во однос на генералните политики кои ги имаме ние, како владејачко мнозинство, можам да ви кажам со сигурност дека се направени длабоки анализи, оти е длабоко е промислен секој чекор, којшто е преземен од аспект на нашиот пристап кон водењето на меѓународните односи, поучени од искуството од минатото, поучени од целосната слика, којашто генерално се менува на глобален план.“ -нагласи пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.
Василевска објасни во кој правец се движи Македонија во новото геостратегиско репозиционирање. Според неа, клучно е дека биле најавувани многу од работите, кои се случуваат во моментов. Таа истакна дека нашата политика се заснова врз македонскиот национален интерес, со цел да донесе благосостојба за своите граѓани.
„Нашата политика се заснова и ќе се заснова врз внатрешниот интерес на Македонија. Тоа беше запишано и во изборната програма, а се преточи во владината програма. Од тој интерес извира и нашиот однос кон сите надвор, само на таков начин секоја зрела политика може да донесе благосостојба за своите граѓани, но и подобро да се претстави на меѓународен план.“ – посочи Василевска.
Таа укажува дека е добиена сериозна поткрепа од аспект на тоа што го поддржале стратегискиот партнер САД, додавајќи дека е недозволиво да се случува во 21 век војната, која трае на европско тло. Василевска истакнува дека тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи имал погрешен пристап, оти се прифаќале услови без никаква консултација со важни чинители во Македонија, што во политиката, според неа, е недозволиво и не вродува со плод во однос на нашите национални стратегиски интереси.
„Во овој случај добивме навистина сериозна поткрепа од аспект на тоа што го поддржавме нашиот стратегиски партнер, САД во заложбата да спроведат поинаков тип на дипломатија, кој се очекува да донесе повеќе плод. Три години имаме војна на европско тло и тоа е и за ЕУ, но и за нас како цивилизација недозволиво да се случи во 21 век. Имаме нерешени бирократизирани прашања, коишто излегуваат од рамките на Копенхагенските критериуми. Во минатото некој прифати многу работи, коишто не требаше да ги прифати и исто така никој не беше консултиран и информиран.“ – заклучува Василевска.
Home Македонија Василевска: СДС и ДУИ прифаќаа компромиси, за кои македонскиот народ беше против,...