ВАР од следната сезона и во Првата македонска фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија, во соработка со ФИФА и со УЕФА, е во завршна фаза од воведувањето на системот за видео асистенција на судиите ВАР во Првата македонска фудбалска лига, кој ќе почне да се применува од наредната натпреварувачка сезона 2025/2026.

„Ние сме убедени дека имплементацијата на ВАР системот ќе придонесе за поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е важен чекор за нашата лига и со него не се обезбедува само поддршка на судиите, туку и создаваме услови за подобро функционирање и на клубовите, во насока на подобрување на постоечката инфраструктура на стадионите и барањата за поставување платформи за ТВ камери, согласно потребите за имплементација на ВАР”, вели Дејан Јакимовски, проектен лидер за имплементација на ВАР.