Цариградската вселенска Патријаршија и патријархот Вартоломеј ја обвинија Бугарската Православна Црква за расколнички дејствија со Македонската црква
Светиот Синод на Вселенската Патријаршија објавува позиција во која ги осудува неправилните и нерегуларни контакти на Бугарската Црква со расколничката православна заедница во Р. Македонија (МПЦ).
Синодот во Цариграф уште истакнува дека тие нерегуларни контакти и дејствија се веќе осудени и од другите православни цркви.
Крајно негативно се оценува и посетата на двата бугарски митрополити – Николај Пловдивски и Кипријан Старозагорски, кои оствариле средби со претставници на таканаречената расколничка „македонска“ црква.
Според извори на Фактор.бг од бугарската заедница во Цариград, возможно е Вселенската Патријаршија да наложи потешки санкции, ако Синодот во Софија категорично не ги прекине контактите со “шизматичката Македонска црква”.