Сосема очекувано новиот Европски првак Вардар има најголема колонија играчи во најдобрата постава на завршниот турнир во Лига на машките ракометни шампиони. Освен црвено црните впечаток кај новинарите во Келн оставија уште еден ракометар на ПСЖ и двајца на третопласираниот Веспрем. Нема играч на четвртата Барселона, а го нема и извонредниот Лука Циндриќ. Но еве го тимот на пеколниот викенд.
Голман: Арпад Штербик (Вардар) кој е прогласен и за MVP
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
Кружен напаѓач: Андреас Нилсен (Веспрем)