Црвено црните загубија и во четвртиот настап во групната фаза од Лига Европа, но вечерашниот пораз не боли многу зошто е попристоен и изнесува 3-0, што е многу далеку од скопските 0-6 пред две седмици. Во Сан Себастијан играше само една екипа, домашната која постојано имаше посед на топка од преку 75 на сто, патем упати и преку 20 шута кон нашиот гол. Според текот на мечот Вардар никако не можеше да изнедување, но добро е што бевме концентрирани и што во дадени моменти не посака за, на евидентната разлика во класи, да не доживееме нов бродолом.
Домаќинот поведе по половина час игра кога стрелаше Хуанми и тоа на асистенција на Каналес, а стрелци за Баскијците во второто полувреме беа и Де Ла Бела во 69 минута, од прекрасен волеј и младиот Јон во 81 минута.
Инаку во нашата група Розенборг го запре Зенит со реми 1-1 (Бентнер 54 од пенал и Кокорин 94 минута), по што Норвежаните останаа само теоретски во „игра“ за едно од првите две места на табелата.
Група Л-Лига Европа:
Реал Сосиедад – Вардар 2-0
Розенборг – Зенит 1-1
Табела:
Зенит 10
Реал Сосиедад 9
Розенборг 4
Вардар 0
Во следното коло на 23 ноември Вардар игра во Санк Петербург, кај Зенит.