Победата на Вардар во вчерашниот меч против најскапиот ракометен клуб на светот ПСЖ нема само спортско значење. Шампионската титула на РК Вардар донесе нов дух не само на спортски и на социјален план туку и на меѓуетнички и меѓуверски.
Вчера Вардар кој како спортски клуб долго време важеше за про – македонски проект иако во него играат играчи од многу странски земји и постојано од пошироката спортска и друга јавност беше третиран како екслузивно „Македонски“ вчера покажа дека е симбол околу кој може да се собере целата македонската јавност без разлика на етничката, религиозната, половата или социјалната припадност.
Инцидентите за време на прославата на плоштадот „Македонија“ во кои дел од неодговорните навивачи извикувале пароли кои содржат „гасни комори“ или „ нека разберат клетите ……..“ не можат и не смеат да го уништат тоа што вчера и денес го видовме на социјалните мрежи.
А видовме како никогаш предходно поддршка за Вардар од сите, пред се Македонци но и Албанци, Турци, Роми, Срби, Босанци, Власи, Хрвати и сите други што живеат во Македонија или надвор од неа. Сите тие со својата поддршка за македонскиот спортски симбол покажаа дека има шанси за оваа земја за која многумина сметаат дека нема надеж во интеретнички контекст.
За време на преносот на мечот против ПСЖ на социјалните мрежи можевме да видиме како покрај илјадниците етнички Македонци, силни емоции и желби за победа покажуваат и Македонци во политичка смисла како државјани на Македонија.
Сите тие навива за тим во кој има еден Македонец, Стојанче Стоилов, со руски газди и играчи од цела европа (еден од Бразил).
Желбата да победи Вардар иако во него не игра ниту еден Албанец или некој припадник на другите помали заедници ги прави сите овие луѓе споменати во насловот за победници рамо до Рамо со Чупиќ, Циндриќ, Раул и другарите.
За тоа што се случи вчера и за обединувачкиот фактор на најстарото и најпопуларно македонско спортско друштво Вардар заслужни се не само луѓето од РК Вардар туку и сите они спортски работници кои што со години работеле и на спортски и на обединувачки план.
Не треба да се заборави дури и во најголемиот шовинизам што владеел меѓу радикалните националисти во земјава во деведесетите години на минатиот век и подоцна, во фудбалскиот клуб Вардар капитени биле Шаќири и Мемеди а верните „Комити“ и покрај етнничките или верските разлики имаа искрена почит кон нив.
Галерија на коментари за време на вчерашниот меч