И покрај високиот пораз од 6:0 против фаворизираните шпански ѕвезди од Сан Себастијан, вечерва вредеше да се биде на арената Филип Втори.
Играта на Вардар беше катастрофална што се гледа и преку резултатот но неколкуте илјади Комити направија и гледачите и играчите да се чувствуваат достоинствено.
Комитите кои годинава слават 30 години од формирањето од почетокот до крајот пееја, останаа на трибините и по завршување на мечот со што предизвикаа силни емоции кај сите присутни.
„И кога губите не ве оставаме“ ечеше во скопскиот градски парк каде што вечерва публиката виде лоши 90 фудбалски но и 120 фантастични навивачки минути.