Вардарова фудбалска експедиција, слично на ракометната, се подготвува за пат на исток, но не така далеку. Фудбалерите на скопскиот тим в четврток од 19.30 во Истанбул имаат нов меч од плеј оф рундата во Лига Европа против Фенербахче. Црвено црните неочекувано за сите на континентот на стадионот Шукру Сарачоглу носат голема предност од 2-0 стекната пред пет дена на Филип втори. И покрај тоа Фенербахче се уште важи за голем фаворит за минување во групната фаза иако еден гол на Вардар во реваншот ќе значи дека Турците мора да дадат 4 за пласман во новиот сегмент кој предвидува 6 сигурни натпревара.

Вардар утре има прес во Истанбул од 18.30, а тренира од 19: Билетите за дуелот Фенербахче-Вардар чинат од 8 до 70 евра, а мечот в четврток од 19.30 го суди Полјакот Даниел Стефански.