Вардар го победи Пелистер со 3-2 во дербито одиграно попладнево во Битола како дел од секогаш предизвикувачкиот дуел на најпопуларните македонски клубови, во овој случај и освојувачи на трофеите. Црвено црните преку Николов, Петковски и Фелипе водеа два пати со по два разлика, а Илијовски и Бујчевски намалуваа, но не го прекинаа постот што Пелистер го има во дуелите со Вардар, кој трае веќе 4 години и 12 натпревари.

Во другите средби од ова 35. претпоследно коло во Првата македонска фудбалска лига: Победа славеше со Работнички на гости 0-3 и си обезбеди опстанок, Шкупи загуби кај Силекс со 1-0 и оди во баражот, во дуелот на второлигашите Македонија ЃП ја победи Брегалница со 5-3, а во тетовскиот дуле Шкендија и Ренова ремизираа 4-4.