ЖРК Вардар го доби кај Ференцварош со 29-28 и петтиот и убедливо најтежок дуел во Лигата на ракометните шампионки. Црвено црните се први во групата Ц и единствени со максимален ефект во досегашниот дел од натпреварувањето на најквалитетните женски ракометни екипи на континентот.
Триумфот е остварен во пеколна бркотница низ целата средба иако скопјанки кои беа без Андреа Лекиќ постојано водеа, на полувреме со 16-12, а на моменти во второто полувреме и со 7 разлика. Во завршницата Ференцварош дојде до 25-26, но потоа Вардарки одново се издвоија на три позитива кои беа сосема доволни за нов успех.
Најдобри кај ЖРК Вардар беа Пенезиќ со девет, Цвијиќ и Лакабрер со по пет и Радичевиќ со четири гола. Последниот меч од оваа фаза за нашиот тим е в сабота во Скопје против Турингер, дуел во кој треба да бидат потрврдени 8 бода кои ќе бидат пренесени во новиот групен сегмент во Лигата на шампионките кои, пак, искуството говори веднаш обезбедуваат четврт-финале.