Ернесто Валверде потпиша двегодишен договор со Барселона и ќе го предводи Каталонскиот гигант во следните две години со можност истиот да биде продолжен за уште една. Довчерашниот тренер на Атлетик Билбао доаѓа на Камп Ноу со големи амбиции и без преголем “бекраунд”, а треба да води дел од најголемите ѕвезди на светот, и плус да ги врати трофеите што во меѓувреме, главно ги освојуваше Реал Мадрид.
Валверде (53 години) беше во Барселона во периодот од 1988. до 1990. година и од тој период се неговите единствени трофеи во шпанскиот клупски фудбал, Копа дел Реј и Купот на победниците на куповите. Тој како играч и тренер, пред и по тој интервал, беше и во Валенсија, Еспањол, Виљареал, Мајорка, Алавес, но никаде не освои ништо, што сега може да ги загрижи навивачите на Барса.