Уште не седнат на клупата на Барселона, Ернесто Валверде го нарачал првото засилување за следната сезона, а тоа е Андер Ерера од Манчестер Јунајтед. Но тренерот не сака да губи време до именувањето на Камп Ноу, а се плаши дека Жозе Мурињо ќе му понуди нов договор на играчот од средниот ред кој во визијата на Валверде треба да биде носител на играта.

Ерера и Валверде соработуваа во Атлетик Билбао, а ако се исполни желбата на тренерот, трансферот би можел да достигне сума од 30 милиони евра.