„БЈР Македонија“ во вест на Бугарската телеграфска агенција

Наспроти Договорот за добрососедство и фактот дека источниот сосед прв ја призна Република Македонија, и тоа под уставното име, уште на 15 јануари 1992 година, Бугарска телеграфска агенција (БТА) известува за контролен натпревар меѓу фудбалските репрезентации до 16 години на Бугарија и на „БЈР Македонија“.
Македонските фудбалски надежи славеа со 2:0 на средбата одиграна во Софија, откако два дена претходно двете селекции на истиот терен одиграа нерешено 1:1.
БТА е национална новинска агенција на Република Бугарија, основана во 1898 година.